Парма ја победи Монца со 2-1 во многу интересен натпревар од италијанската Серија А на кој имаше сè и сешто.
Гостите од Монца постигнаа четири голови, но првите три им беа поништени после прегледување на снимки. Конечно во 85-та минута кога погоди Переира, немаше никаква нерегуларност.
Парма прво даде гол од пенал, а судијата досуди уште еден пенал за нив, но одлуката беше преиначена по интервенција од ВАР собата. На мечот имаше и црвен картон, за Пабло Мари од Монца кој го направи пеналот, а Парма до победата дојде дури во осмата минута од судиското продолжение. За „фенерџијата“ на табелата во Серија А, ова е четврти пораз по ред.
Во другиот меч попладнево, Џенова како гостин го победи Емполи со 2-1.