„Монументал“ се тресеше, Демикелис плачеше, голчиште на 16-годишникот за кој се интересира Реал (Видео)

Франко Мастантуоно, тоа е името и презимето на новата аргентинска „златна левица“, а 16-годишникот за кој сериозно се интересира Реал Мадрид, покажа дека е голем талент и можеби идна ѕвезда на светскиот фудбал.

На мечот на кој Мартин Демикелис се прости од клупата на Ривер плејт и последен пат ги водеше Милионерите, Ривер долго се мачеше против Сармиенто. И тогаш во 87-мата минута при резултат 0-0, судијата досуди слободен удар. Мастантуоно со својата лева нога го изведе слободниот удар, и со мајсторија донесе победа и голема радост.

- Оглас -

Најнови вести