Монументална фиеста во Буенос Аирес (Видео)

Повеќе од 60 илјади фанови на Ривер плејт присуствуваа на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, каде што првакот на Јужна Америка првпат го покажа трофејот од Копа Либертадорес освоен во далечниот Мадрид, со победа над најлутиот ривал Бока јуниорс.

Атмосферата при пречекот на фудбалерите на Ривер не треба да се опишува со зборови, фотографиите и снимките кажуваат доволно. Имаше и едноминутно молчење во „чест“ на поразената Бока, а тренерот Марсело Гаљардо порача: „Го добивме најпосакуваното финале на светот, никогаш нема да се заборави оваа победа“.

https://twitter.com/i/status/1076988008807784448

https://twitter.com/i/status/1076997286562091009

Ова е „реприза“ од голот на Гонзало „Пити“ Мартинес, со кој Ривер поведе со 3-1 и дефинитивно стави точка околу тоа кој ќе ја освои титулата.

https://www.youtube.com/watch?v=ccU3ZZUx2Gw

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести