Мопе смени клуб, но против Вест Хем не знае да утне (Видео)

Францускиот интернационалец Нил Мопе го постигна победничкиот гол за Евертон против Вест хем за прв триумф на Карамелите во новата сезона во Премиер лигата.

За Мопе тука се прекина серијата од 12 меча без погодок, најдолга во неговата кариера како играч во Премиер лигата.

Мопе ова лето од Брајтон пристигна во Евертон и веќе почна да им носи бодови на популарните Карамели, а има интересен ефект против Вест хем.

Денеска како член на Евертон беше стартер и пак им даде гол на Чеканите, откако во иста ситуација претходно двапати беше прецизен и за Брајтон против клубот од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести