Мора да соберат пари: ПСЖ стави седуммина фудбалери на трансфер-листата

Францускиот гигант Пари Сен Жермен ќе мора да продаде неколку фудбалери во зимскиот преоден рок и да собере пари за да не го прекрши финансискиот ферплеј.

Во ПСЖ летово дојдоа неколку ѕвезди, но повеќето дојдоа како слободни играчи и за нив не беше платено обесштетување. Најмногу пари се потрошија за Хакими, кој дојде за 70 милиони евра, додека Меси, Рамос, Донарума и Вајналдум дојдоа како слободни играчи.

Според пресметките, Светците во следниов зимски период треба да заработат 100 милиони евра од продажба на играчи за да не биде прекршен финансискиот ферплеј. Затоа на листата за продажба се ставени: Дрекслер, Дијало, Кехер, Курзава и Рико. Сигурно е дека Рафиња оди на позајмица во Сосиедад, а треба да биде продаден и Икарди.

 

- Оглас -

Најнови вести