Жа Морант е можеби најпријатното изненадување во НБА лигата од сите нови кошаркари кои дебитираа сезонава. Новакот на Мемфис за брзо време се адаптира на лигата и почна да ги освојува симпатиите, воедно се наметна како прв кандидат за наградата „Новак на сезоната“, титула која засега ја носи Лука Дончиќ.
Во синоќешната победа над Кливленд кавалирс, Морант реализира 18 поени и 8 асистенции, а ја вжешти атмосферата по атрактивното забивање кое се чини како Морант да полетува како борбен авион.
https://www.youtube.com/watch?v=G9Eb9C1ou6k