Морант пред Нан и Зајон прогласен за најдобар новак во НБА-лигата

Жа Морант е прогласен за најдобар новак во НБА-лигата откако бекот на Мемфис гризлис доби двојно повеќе гласови од Кендрик Нан, играчот на Мајами. Морант е само вториот кошаркар во историјата на франшизата на Мемфис кој ја добива оваа награда по Пау Гасол во 2002 година.

Вториот пик на драфтот од 2019 година остави одлична сезона зад себе и до прекинот кој се случи на 11 март, водеше во неколку статистики меѓу сите новаци во НБА-лигата. Морант бележеше просечно по 17,6 поени и речиси 7 асистенции по натпревар.

Зад него ги остави Нан од Мајами, додека првиот пик Зајон Вилијамсон беше трет на листата по бројот на гласови.

https://twitter.com/NBA/status/1301739264011501570

- Оглас -

Најнови вести