23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

„Мораше“ баш тој, дете на Флуминенсе му донесе водство на Челзи (Видео)

Челзи води со 1-0 во финишот на првото полувреме против Флуминенсе во полуфиналето на Светското клупско првенство, а стрелец на голот беше Жоао Педро.

Овој 23-годишен Бразилец играше во младинските категории на Флуминенсе, а и сениорското деби во 2019 година го имаше таму, даде 10 гола на 37 меча за Флу пред да прејде во Вотфорд. Од 2023 до 2025 играше за Брајтон, а летово стана член на Сините од Лондон.

До неодамна беше на одмор, а денеска првпат беше стартер кај Челзи, инаку втор настап, и даде убав гол и тоа против своите. Затоа Педро не го прослави голот.

Инаку ако не се сметаат автоголови, последните девет голови за Челзи ги постигнаа девет различни фудбалери.

Погледнете го голот на Жоао Педро:

- Оглас -

Најнови вести