Мората даде два гола и не се радуваше, овации за Фабрегас

Челзи без поголеми проблеми се пласираше во 4.коло од ФА купот, но денешниот дуел со Нотингем форест мина во знакот на двајцата Шпанци, Алваро Мората и Сеск Фабрегас. Мората најпрвин имаше неверојатна утка, а потоа даде два гола, но не се радуваше после постигнувањето на погодоците и многумина тоа го толкуваат како можно заминување од клубот до крајот на месецов.

За Фабрегас, сигурно е дека си заминува. После 500 меча за Арсенал и Челзи, тој го напушта англискиот клупски фудбал. Беше повлечен од игра во 85 минута и доби овации од публиката, а тој им отпоздрави, во знак на благодарност за поддршката во овие години. За негова жал, тој во првото полувреме не реализираше пенал и пропушти прилика од Челзи да си замине со постигнат гол.

Изненадувања приредија Гилингам и Акрингтон, кои елиминираа тимови од повисок ранг од нивниот. Кардиф е единствениот премиерлигаш кој испадна. Вимблдон првпат е во 4. коло на ФА купот.

РЕЗУЛТАТИ (МЕЧЕВИ ОД 16 ЧАСОТ): Акрингтон – Ипсвич 1:0, Астон Вила – Свонси 0:3, Болтон – Волсал 5:2, Брентфорд – Оксфорд јунајтед 1:0, Челзи – Нотингем 2:0, Дерби – Саутхемптон 2:2, Евертон – Линколн 2:1, Флитвуд – Вимблдон 2:3, Гилингам – Кардиф 1:0, Мидлсброу – Питерборо 5:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести