25.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Мората дебитираше за Галатасарај со гол (Видео)

Шпанскиот репрезентативен напаѓач Алваро Мората со постигнат гол дебитираше за својот нов тим Галатасарај.

Мората во 21-вата минута погоди за 1-1 во победата на Галатасарај од 4-1 на гости кај Болуспор во меч од групата Ц во Купот на Турција.

Домаќините поведоа во 12-тата минута со голот на Исгандарли. Мората израмни откако ја прими топката при додавањето од Јусуф Демир во шеснаесетникот и ладнокрвно реализира со шут во горниот агол.

- Оглас -

Најнови вести