Мората е најопасен со глава, сега знае и Реал Сосиедад

Атлетико Мадрид со двата гола на Алваро Мората обезбеди три бода на гости кај Реал Сосиедад при конечни 2-0. „Јорганџиите“ повторно се на -7 во однос на лидерот Барселона, додека по славењето во Сан Себастијан, сега имаат пет бода повеќе во однос на градскиот ривал Реал Мадрид.

Шпанскиот голгетер ги постигна двата погодоци во период од три минути, од 30-тата до 33-тата минута, а и двата ги реализираше по удар со глава. Гостите во последниот половина час игра останаа со играч помалку, Коке заработи два жолти картони, меѓутоа тоа не претставуваше проблем за фудбалерите на Симеоне и ја задржаа предноста.

Атлетико воедно оствари двојна победа над Сосиедад, откако во првата овосезонска средба на „Ванда Метрополитано“ славеа со идентични 2-0.

https://www.dailymotion.com/video/x73gk9y

 

https://www.dailymotion.com/video/x73gke7

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести