Алваро Мората, шпанскиот репрезентативен напаѓач и капитен, даде интервју во кое изјави дека жали за избрзаната одлука да го напушти Атлетико Мадрид и дека желба му е кариерата да ја заврши играјќи за мадридскиот Хетафе.
Мората е играч на турски Галатасарај, каде што е позајмен од Милан и го опишува ривалството со Фенербахче.
„Турците се супер, освен на ден на натпревар. Ривалството овде е екстремно кога ќе заврши натпреварот Галатасарај-Фенербахче, полицијата брза на теренот за да спречи какви било проблеми, а дури е тешко да се разговара со некој од друг тим. На првото дерби бев повреден, на стадионот имаше 30.000 полицајци. Сè уште не сум го видел Мурињо, не сум разговарал со него. Имам голема почит и наклонетост кон него бидејќи ми даде можност да дебитирам. Можеби треба да почекаме да ја напуштиме Турција за да разговараме, хахаха“, вели Мората.
Мората да може да го врати времето, би останал во Атлетико и не би преминал во Милан, но вели дека е среќен во Галатасарај.
„Мислам дека требаше повеќе да размислам за работите во текот на летото, дали требаше да го напуштам Атлетико или не. Кога не сте добро на одредено ниво од вашиот живот, носите лоши одлуки. Тоа не може да се смени, сега многу сум среќен. Да можев да го вратам времето, веројатно немаше да ја донесам таа одлука“, вели Мората, кој беше многу критикуван во родната земја иако Шпанија стана европски првак, бракот му беше во криза и затоа реши да ја смени средината.
Сон на Мората е следната година да стане светски шампиони со репрезентацијата, а би сакал кариерата да ја финишира во Хетафе.
„Би сакал да се повлечам како играч на Хетафе. Многу ми помагаа кога бев дете, таму ми беше неверојатно. Јас би сакал тоа, но можеби тие не ме сакаат. Многумина ќе се смеат, но би сакал да се пензионирам во Хетафе. Тоа е клуб кој буди огромна страст кај мене“, рече Мората.