Мората му е понуден на Манчестер јунајтед

Алваро Мората, кој има договор со Атлетико Мадрид до крајот на јуни 2023 година, ниту во престојната сезона нема да игра за Јорганџиите, но сега клубот нема да го позајми, туку ќе го продаде.

Ниту трите гола на Мората на пријателскиот меч со Јувентус во неделата не значеа дека тренерот Диего Симеоне ќе инсистира на останување на Мората во Атлетико. Напаѓачот му бил понуден на Манчестер јунајтед откако Црвените ѓаволи, кои бараат голгетер, беа одбиени од Марко Арнаутовиќ.

Мората изминатите две сезони играше како позајмен во Јувентус, но Старата дама не сакаше да му го откупи договорот.

- Оглас -

Најнови вести