Мората не е доволно добар, Симеоне сака нов напаѓач

Врската меѓу Алваро Мората и Атлетико Мадрид ќе заврши со раскинување. Ниту голгетерот ги оправда очекувањата, а ниту Симеоне е задоволен од неговиот придонес. Иако Јорганџиите се договорија со Челзи на позајмица од 18 месеци за која требаше да платат 24 милиони евра, но, истата ќе заврши по една полусезона, а Атлетико ќе искешира само седум милиони евра од предвидените 24.

Мората требаше да биде конкуренција за Диего Коста во стартните 11, но на 14 настапи тој запиша само шест гола и една асистенција, па јасно е дека не го оправда својот квалитет во отсуство на контроверзниот Коста.

Шпанецот ја пренесе формата од настапите за тимот од Лондон, а таму не се покажа во најдобро издание. Токму затоа, по крајот на оваа сезона Мората ќе се врати во редовите на Челзи. Првично англискиот и шпанскиот клуб се договорија позајмицата да трае 18 месеци, а потоа Атлетико да го откупи целиот договор на Мората во вредност од 55 милиони евра, но сега тоа нема да се случи.

Диего Симеоне е во потрага по нов „шпиц“, кој ќе се воигра покрај Антоан Гризман и така неговиот тим да биде поконкурентен во новата сезона. Засега нема конкретни мети, но Атлетико ќе има средства на располагање, особено по продажбата на Лукас Ернандес во Баерн Минхен за 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести