Атлетико Мадрид го победи Еспањол со 3-1 и дојде на бод заостанување од водечкиот двоец Барселона и Реал Мадрид кои имаат и меч помалку во шпанската лига.
Алваро Мората беше стрелец на вториот од трите гола за „јорганџиите“, и ова е му е шести натпревар едноподруго (четири во лигата) во сите натпреварувања, на кој постигнува погодок. Ако даде гол и на следниот меч, ќе постави личен рекорд.
Еспањол е претпоследен на табелата, со само 8 бода од 13 кола.