Мората раскажа за пеколот низ кој помина: Борбата траеше секој ден и ноќ

Шпанскиот репрезентативец Алваро Мoрата е последниот во низата на фудбалери кој призна дека во текот на неговата кариера се соочувал со сериозни здравствени проблеми, како што е депресијата.

Се почесто се случува во врвниот спорт да има натпреварувачи кои се жалат на депресија, аксиозност, панични напади… Мората реши дека летово треба да го напушти тимот на Атлетико Мадрид и потпиша за Милан, а сега откри низ колку тешки периоди поминувал во изминатиов период.

„Кога поминувате низ тешки периоди, посебно како што се депресија или панични напади, не е важно каква работа работите или во каква животна ситуација се наоѓате. Во вас едноставно постои личност против која мора да се борите секој ден и секоја ноќ“, вели Мората кој летово со Шпанија се израдува на освојување на европската титула.

Иако летово на професионален план му беше одлична, Мората сепак ова лето нема да го памти по добро. Тој и неговата сопруга Алис Кампелјо постојано имаа недоразбирања и кавги, па токму поради тоа ја раскинаа врската.

- Оглас -

Најнови вести