Мората се израдува, ВАР му поништи гол против поранешниот клуб Јувентус

Кратко траеше радоста на Алваро Мората по голот што го постигна за Атлетико Мадрид во 72-рата минута против својот поранешен клуб Јувентус.

Центарфорот на популарните „јорганџии“ одлично ја закова топката во голот на гостите со удар со глава, но претходно го турна некогашниот соиграч од Јувентус, Џорџо Кјелини.

По прегледување на спорниот момент, судијата Феликс Цвајер го поништи голот, па дербито од осминафиналето во ЛШ продолжи со почетниот резултат 0-0.

- Оглас -

Најнови вести