Мората се враќа во Серија А, ќе потпише за Комо

Напаѓачот Алваро Мората е подготвен да го напушти Галатасарај и да се пресели во редовите на италијанскиот Комо.

Капитенот на шпанската репрезентација во моментов игра како позајмен фудбалер од Милан во турскиот шампион, со важечки договор до јануари 2026 година. Но, Мората е отворен за ново предизвик во Серија А и со интерес го следи развојот на преговорите.

Во следните денови се очекуваат официјални разговори меѓу Милан и Галатасарај околу условите за евентуално раскинување на позајмицата. Во меѓувреме, раководството на Комо останува во контакт со двете страни и подготвено е да започне директни преговори веднаш штом се расчистат формалностите.

- Оглас -

Најнови вести