Мората со хет-трик против својот ексклуб, покажа дека Јуве во моментов е немоќен

Атлетико Мадрид со 4-0 го растури Јувентус во пријателски меч кој требаше да се игра во Тел Авив, но од безбедносни причини беше преместен во тренинг центарот на Јуве, Континаса во Торино.

Првите три гола за Јорганџиите ги даде екс членот на Јуве, Алваро Мората, а покерот го комплетираше Матеус Куња. Жоао Феликс утна пенал, па катастрофата на најтрофејниот италијански првак можеше да биде и поголема.

Атлетико ги доби сите контролни средби летово, а за тренерот на Јувентус, Алегри, ова треба да биде аларм и опомена, дека во моментов се далеку од она што сакаат да бидат Бјанконерите.

- Оглас -

Најнови вести