Морбидни сцени на стадионот „Армандо Пичи“, на којшто игра италијанскиот третолигаш Ливорно. Навивачите на клубот незадоволни од раководоњето на управата, испратија брутална порака со три крста поставени на теренот на кои се испишани имињата на тројцата директори.
Покрај крстовите, има и исечена глава од прасе, што е јасна порака дека на директорите не им се пишува добро.
„Ќе платите за сè, и тоа многу“, пишува на транспарентот во позадина на фотографијата.
A very macabre scene at Livorno.
A severed pig's head found on the pitch in front of three crosses with names of club directors and banner in the background which reads: "You will pay for everything. You will pay dearly." pic.twitter.com/I94RuDeOHO
— Andrew Cesare (@AndrewCesare) October 21, 2020
Некогашниот калчолигаш тоне во пониските лиги од Италија, а по стартот на новата сезона, се наоѓа во зона за испаѓање во четвртиот ранг, па навивачите се лути што не се работи на подобрување на работите.