Морбидниот Тајсон: Не се плашам од смртта

Пред неполн месец Мајк Тајсон гостуваше во радиоемисија и имаше прилив на емоции говорејќи околу тоа колку му недостасува боксот. Сега легендарниот боксер повторно даде изјава која ќе ве натера да се наежите.

„Не се плашам од смртта. Животот е покомплициран од самата смрт. За живот потребна е храброст, без неа не е возможно да се надминат пречките. Животот е патување во кое ќе водите безброј битки со проблеми бидејќи тоа е единствен начин да се опстане. Има луѓе кои буквално имаат сè во животот, но не и храброст да се соочат со сите пречки. Сметаме дека сме посебни, а всушност сме никој и ништо. Славата нема вредност ако животот ти заврши во затвор или станете жртва на насилство“, истакна Тајсон.

За потсетување, Челичниот Мајк имаше блескава кариера и беше апсолутен светски првак во тешка категорија, но неговата кариера претрпе тежок удар откако беше осуден на шест години затвор поради силување, додека во 2003 година прогласи банкрот иако од боксот заработи над 300 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести