МОРБИДНО: Го „обесија“ нивниот поранешен миленик, затоа што прејде во големиот ривал

Словенечкиот шампион Марибор, вчера го претстави новото засилување, репрезентативецот Немања Митровиќ. Овој трансфер на Митровиќ во Марибор педизвика многу незадоволство кај фановите на Олимпија Љубљана.

Иако во изминативе две години, Митровиќ беше дел од тимот на Јагелонија, тој пред да замине во странство, четири години играше за Олимпија и беше еден од омилените фудбалери. Сега, со трансферот во Марибор, Митровиќ едноставно направи „предаство“, кое не му го простија фановите на Олимпија.

На една од најфрекфентните места во Љубљана, фановите на Олимпија обесија кукла со дресот на Митровиќ, која висеше над мостот. Кај куклата стоеше и транспарент на кој пишуваше „Е*и се Немања“.

 

- Оглас -

Најнови вести