„Морковот“ кој на 14 години научи италијански, ја крена Италија на нозе и ја обои во портокалово!

Титулата на Јаник Синер на Австралијан опен е историска за италијанскиот тенис, а неговата боја на коса поради која има прекар „морков“, придонесе денеска многу Италијанци да го гледаат финалето во Мелбурн облечени во портокалово.

Пред Синер, Италијанец кој освоил гренслем во машка конкуренција беше Адријано Паната во далечната 1976 година, на „Ролан Гарос“. Цели 48 години во Италија чекаа гренслем титула, а Синер е првиот Италијанец кој го освои австралискиот гренслем.

Стана најмлад освојувач на Австралијан опен од 2008 наваму.

Јаник има нетипично италијанско име и нетипичен италијански изглед. Тој е роден на северот на Италија, а дома зборувале германски, и на училиште учел на германски јазик. Поради бојата на косата, луѓето мислеле дека е Ирец.

Прв спорт кој го тренирал ми било скијањето, а подоцна, кога наполни 13 години скиите ги замени со тениски рекет. И не погреши.

Дури кога се преселил во Лигурија, на 14 години, научил италијански јазик. Тренерот по тенис не знаел германски, Јаник од италијански знаел да каже само „чао“. Морале некако да се разберат, па Синер „од мака“ научил италијански и сега добро го зборува.

Во моментов е четврти на АТП листата, а напредокот му е во континуитет и нема да биде чудо ако еден ден го заземе и првото место.

- Оглас -

Најнови вести