Моркунас e како мачка, имаше две страшни одбрани во иста акција (Видео)

Гиедриус Моркунас бранеше одлично за Литванија против Израел и е еден од најзаслужните за победата од 31:28 што ја остави неговата репрезентација во трката за пласман на Европското првенство во Словачка и Унгарија, идната година во јануари.

Моркунас во средината на првото полувреме беше во акција и имаше две страшно добри интервенции. Најпрво го одбрани ударот од крилото на Израел, а потоа уште подобро спречи пивотот на гостите да му ја затресе мрежата од чиста позиција по одбиената топка.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1371115609656848384?s=20

Литванија ја забележа првата победа во четвртата група каде фаворити за првите две места се Португалија и Исланд, а Литванците се надеваат дека можат да бидат меѓу четирите најдоброрангирани третопласирани селекции, кои ќе патуваат за Унгарија и Словачка на ЕП идната година од 13. до 31. јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести