Франк Рибери летово го напушти Баерн, но иако има 36 години, не планира да стави крај на играчката кариера. За легендарното француско крило се интересира Фиорентина, но „виолетовите“ имаат сериозна конкуренција во два московски клуба кои даваат повеќе пари.
Динамо и Спартак сакаат да го донесат Рибери, и со тоа не само да ги израдуваат своите фанови со носењето на ѕвезда, туку и да приредат задоволство што извојувале победа над градскиот ривал, макар и надвор од теренот, на трансфер пазарот.
Рибери е слободен, а претходните 12 години ги мина во баварскиот гигант, и одигра над 250 меча во дресот на Баерн, освојувајќи девет титули во Бундеслигата и една во Лигата на шампионите.