Мота донесе одлука, има пет милиони причини да се пресели во Јувентус

Тијаго Мота донесе конечна одлука, ќе ја напушти клупата на Болоња и од следната сезона ќе го предводи Јувентус, објави италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио.

Според новинарот, Мота ќе потпише тригодишен договор со Старата дама и годишно ќе заработува по пет милиони евра.

Засега сè уште не е официјално, но Мота утре ќе го направи последниот чекор, ќе има состанок со претседателот на Болоња, Џои Сапуто, на кој ќе му соопшти дека донел одлука да си замине и да ја прифати побудата на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести