Мота не гледа вина кај себе за поразот на Јуве, вели направил сè што може

Јувентус беше елиминиран од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, а тренерот Тијаго Мота, кој од навивачите е посочен како главен виновник за лошите резултати на Старата дама сезонава, не гледа вина кај себе.

Ако поминеше, Јуве во осминафиналето ќе играше со Интер или Арсенал, па меѓу фановите на Јуве, кои се бесни, има и такви кои критикуваат дека Мота е „тројански коњ“ уфрлен во Јуве од Интер и дека намерно загубил за да избегне можност за елиминациски дуели со Интер.

Мота откри дека направил три „принудни“ замени и ги бранеше своите тактички одлуки. Бјанконерите имаа предност од 2-1 од првиот натпревар во Торино, а синоќа загубија со 1-3 по продолженија.

„Се мачевме во второто полувреме, израмнивме во важен момент, но не бевме способни да го задржиме тој резултат. Знаевме дека ПСВ е квалитетна екипа која притиска и напаѓа. Не можеме да бидеме среќни со двата гола што ги примивме. Мора да играме многу подобро ако сакаме да се натпреваруваме на ова ниво. Копмајнерс имаше треска, па побара да излезе. Го префрливме Камбијазо во средината на теренот, но потоа и тој не се чувствуваше добро и излезе. Веига се повреди. Сите три замени беа принудни. Не мислам дека задоцнив со измените. Кога израмнивме, моравме да ги смириме работите и да ја задржиме рамнотежата. Верувам дека ги направив измените во вистинско време“, изјави Мота.

Јувентус никогаш претходно (во 11 наврати) не бил елиминиран во Лигата на шампионите по победа во првиот натпревар. ПСВ Ајндховен немаше поминато нокаут-рунда во ЛШ 2006-07 против Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести