Јувентус го претрпе првиот пораз сезонава и тоа на домашен терен во Лигата на шампиони. Старата дама беше надиграна од Штутгарт, а загуби со гол примен во 90+2 минута.
Гостите од Германија доминираа во текот на целиот меч, упатија три пати повеќе шута кон противничкиот гол, дадоа еден погодок кој беше поништен поради играње со рака, потоа промашија и пенал, за да на крајот сепак стигнат до трите бода. По завршување на дуелот, тренерот на Јувентус, Тијаго Мота призна дека неговиот тим бил инфериорен, а тој ја превзема одговорноста за неуспехот.
„Се сложувам дека требаше да направиме повеќе во нападот, но за да имаме добар напад прво мора да бидеме добри во одбраната. Се обидувавме да парираме, треба повеќе да ја задржуваме топката во наш посед. Во офанзивата имавме само неколку контранапади. Ја превземам одговорноста за поразот, на следните мечеви мора да бидеме подобри. Многу работи треба да се анализираат“, рече Мота по поразот од Штутгарт.