16.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Мота одби три понуди, продолжува да зема голема плата од Јувентус

Иако Тијаго Мота е прв на листата на желби за тренер на Реал Сосиедад, поранешниот тренер на Јувентус, Џенова, Специја и Болоња не мисли дека баскискиот клуб е вистинска опција за него.

Како што откриваат италијанските медиуми, Мота нема намера да го преземе шпанскиот клуб. Тој си има договор со Јувентус до летото 2027 година, според кој сè уште добива 3.500.000 евра годишно. 

Во случај Мота да ја прифати понудата од Реал Сосиедад, автоматски би бил отстранет од платниот список во Торино, и токму затоа ги одби и претходните понуди од Баер Леверкузен и Монако. 

Мота го напушти Јувентус по разочарувачката мината сезона, која дури и не ја заврши, бидејќи беше отпуштен во март. 

- Оглас -

Најнови вести