14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Што велат коефициентите? Уште помали се шансите за Македонија да ја победи Португалија

Ако за победа на Македонија над Италија имаше 16 коефициент, од Sport Life ги објавија и квотите за средбата против Португалија во вторник.

Ова е мотив плус за нашите фудбалери да докажат дека неправедно висок е коефициентот од 17 што е даден за нивна победа во Порто, но од друга страна ова е уште поголем мотив за верните играчи да одиграат на наша победа.

За победа на домаќинот, пак, коефициентот изнесува 1.19, додека нерешениот исход е вреднуван со 6.25.

Коефициент од 10.25 има за нашиот тим да даде најмалку два гола. Додека уште попредизвикувачка е играта укс во два (Х-2) како што испадна и вчеравечер и истата изнесува точно 30.

Тие што веруваа во победа на Македонија против Италија, одлично заработија, а сега имаат уште поголема шанса доколку веруваат во нов триумф на нашите фудбалски херои и пласман на Македонија на Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести