Мотив повеќе за кошаркарите, ја добија премијата од 750.000 денари

Кошаркарските репрезентативци добија дополнителен мотив за утре да имаат успешен старт во квалификациите за пласман на Европското првенство. Челниците на КФСМ потврдија дека парите се исплатени.

„Да се исплати премија на сениорската машка репрезентација во вкупен нето износ од 750.000 денари за остварен пласман во квалификациите за Европско првенство 2021 како први во група со кош-разлика“, стои во одлуката на Управниот одбор на Федерацијата.

Македонската репрезентација заврши како првопласирана во претквалификациите и со тоа обезбеди место во квалификациите. Прв предизвик во квалификациите ќе биде дуелот против Естонија, кој се игра утре во салата „Борис Трајковски“, а селекторот Аленсандар Тодоров очекува победнички старт.

 

- Оглас -

Најнови вести