Мото ГП: Франческо Бањаја најбрз на ГН на Холандија

Франческо Бањаја ја оствари својата трета последовна победа на ГН на Холандија, триумфирајќи убедливо на трката на патеката „Асен“.

Италијанецот повторно водеше од старт до целта, наметнувајќи темпо кое беше невозможно да го следат неговите конкуренти. На второто место заврши Хорхе Мартин, кој стартуваше од петтата позиција, но веќе на средината од првиот круг се искачи на втората позиција.

Мартин се обиде да остане во дуел со Бањаја до крајот, но не успеа, завршувајќи на 3,6 секунди зад светскиот шампион.

Подиумот го комплетираше Енеа Бастијанини, кој имаше многу силна втора половина од трката, прогресирајќи од седмата до третата позиција. Четвртото место го освои Марк Маркес, додека во топ 5 влезе и Фабио Ди Џанантонио, и тоа благодарејќи на казната за Маверик Вињалес.

Бред Биндер, Алекс Маркес, Раул Фернандез и Франко Морбидели ја комплетираа првата „десетка“.

Бодови од осмата трка за сезоната 2024 во Мото ГП освоија уште Џек Милер, Фабио Квартараро, Жоан Зарко, Аугусто Фернандез и Мигел Оливеира.

- Оглас -

Најнови вести