27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Мото ГП шампион изнајмува кампер на навивачи за 93 евра за време на трка

Шесткратниот Мото ГП шампион, Марк Маркес, преку интернет-страницата за изнајмување станбен простор, Airbnb, им нуди на навивачите за 93 евра да им го изнајми неговиот кампер за време на трката за Големата награда на Каталонија која ќе се вози во септември.

Маркес за едно ноќевање на 2 септември за две лица во камперот на тимот на Хонда, кој се наоѓа покрај неговата приватна приколка, бара 93 евра.

„Просторот за кампери за време на трката на ГН на Каталонија е резервиран само за возачите и нивните тимови. Гостите ќе доживеат искуство какво што се случува еднаш во животот, е нема да биде достапно другпат“, пишува во огласот на Маркес, кој го објави на Airbnb.

- Оглас -

Најнови вести