Мото ГП со 20 трки, по долго време повторно ќе се вози во Финска

Мото ГП го објави официјалниот календар за сезоната 2020, која стартува на 8 март во Катар. Во новата сезона ќе има една трка повеќе, поточно 20, откако е потврдено дека трката за Големата награда на Финска се враќа на репертоар за првпат по 38 години.

На патеката „Кимиринг“ ќе се вози во средината од првата полусезона, поточно на 12 јули. Поради тоа, неколку трки имаат различен датум во однос на тековната сезона. Трката за Големата награда на Германија ќе се одржи во јуни, односно во јули, додека второто шпанско Гран при на „Арагон“ е поместено за почетокот на октомври, наместо да се одржи кон крајот на септември како досега.

Последната трка во Финска во организација на Мото ГП се одржа во далечната 1981 година.

https://twitter.com/MotoGP/status/1166678005269315584

Како што е наведено, сезоната 2020 започнува на 8 март во Катар, а завршува на 15 ноември во Валенсија. Претсезонските тестови се закажани во текот на ноември годинава во Валенсија и Херес, додека во текот на февруари ќе се преселат во Малезија, па Катар.

- Оглас -

Најнови вести