Американскиот мотоциклист Бо Лејн, имаше огромна доза на среќа што мина речиси неповреден при пад од мотор, откако се удри во заштитен ѕид со брзина од дури 340 километри на час.
Овој инцидент се случи во квалификациите на едно натпреварување во Сиетл каде учесниците возат мотори Харли Дејвидсон. Лејн не можеше при таа брзина да го контролира моторот, отиде на спротивната страна, се удри во оградата и летна на пистата, по која се лизгаше уште долго, а моторот продолжи да вози. Сепак, Лејн брзо стана на нозе, и на прегледот во болница биле констатирани само полесни повреди како изгребаници и срината кожа на некои места.
Секоја чест за заштитната облека на Лејн која му помогна да се спаси. Погледете како изгледа да се удрите во ѕид со 340 на час и да не ви е ништо: