Можат ли и дамите да конкурираат за „Пушкаш“? Запишете ја и голгетерката од Скопје, Сара Задразил (Видео)

Сара Задразил може комотно да им парира на голгетерите од посилниот пол во трката за наградата „Пушкаш“ за најубав гол на сезоната со погодокот што го постигна денеска за Баерн против Челзи во Лигата на шампионите.

Напаѓачката на Баерн со топовски удар од околу 25 метри ја затресе мрежата на Челзи на многу атрактивен начин.

Chelsea 1 – [1] Bayern Munich – Sarah Zadrazil 29′ (Great goal) | Women’s Champions League from soccer

Задразил ја паметиме и од квалификациските натпоревари што ги играше за Австрија против Македонија, а на дуелот во Скопје во ноември пред две години беше и стрелец на гол во победата од 3:0.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести