Можат ли Меси и Роналдо да го направат то што го прави Надал? (Видео)

Рафаел Надал дефинитивно е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а Шпанецот покажува дека одлично се снаоѓа и со фудбалската техника. На Мастерсот во Рим, Надал е фаворит за освојување на турнирот и засега одлично му оди.

Шпанецот се пласираше во четвртфиналето каде за противник го чека Диего Шварцман. Рафа е одлично расположен, а на тренинзите покажува дека има и одлична фудбалска техника. Во еден момент тенисерот започна да жонглира со тениското топче и покажа дека е вистински виртуоз и има одлична контрола.

Некои дури и се пошегуваа, дали Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе може да имаат иста контрола додека жонглираат со тениско топче.

https://youtu.be/czJrk23-MkA

 

 

- Оглас -

Најнови вести