Пет меча се играат вечерва во кошаркарската Евролига, а дерби ќе биде дуелот во Каунас меѓу Жалгирис и Монако. Литванскиот тим има серија од четири победи по ред и е лидер на табелата со пет победи и само еден пораз, додека Монако е со скор од четири победи и два порази.
Интересно е дека на пет од последните шест дуели на овие два тима по 40 минути игра, разликата не била поголема од четири поени, што само потврдува за израмнетоста и неизвесноста која се очекува и вечерва.
Фенербахче во Истанбул го пречекува Партизан, а традицијата вели дека на последните 10 меѓусебни дуели, двете екипи имаат по пет победи. Црвена ѕвезда, која сезоната ја започна одлично и победи во првите три кола, сега има три порази по ред, а вечерва ќе има голем предизвик во Белград против Панатинаикос.
Во понудата за „плус-минус“ поени, скокови и асистенции на играчите, има огромна понуда која вреди да се одигра.