6741 Ференцварош – Клаксвик (18.00 часот)
Тимот од Фарски острови одигра 0-0 против фаворитот од Унгарија на првиот меч, но тешко дека може и во Будимпешта да го повтори подвигот. Сега Ференцварош знае против кого си има работа, и веројатно нема да дозволи сензација. Клаксвик е во одлична победничка серија, нема конкуренција во својата земја, но Ференцварош е поквалитетен ривал и би требало да оди во следната рунда каде ги чека веројатно шведски Хакен.
Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (1.68)
6742 Карабах – Линколн (18.00 часот)
Азербејџанскиот тим го доби првиот меч со 2-1, и дома треба само да ја доврши работата која ја почна пред една недела во Гибралтар. Карабах не победи лесно на првиот меч, победничкиот гол падна во 94-та минута, а Линколн имаше изненадувачко водство по првото полувреме. Подобриот од овој двобој, во следното коло игра со полски Раков или естонска Флора.
Предлог тип: 1 Сиг. и Дво. победа (1.95)
2501 Лилестрем – Алесундс (18.00 часот)
Домашните се борат за излез на европска сцена и победата многу би им значела. Лилестрем има две победи по ред, оди во хет-трик и тоа против екипа која е последна на табелата и има 11 порази во 14 кола. Алесунд има само 9 постигнати голови на 14 меча, а во просек прима по два гола, додека Лилестрем дава речиси по два на меч. Алесундс нема дадено гол на последните три гостувања кај Лилестрем.
Предлог тип: 1 сигурна (2.18)
5161 Ал Ахли – Харас (19.30 часот)
Ова е нерамноправен дуел на лидерот и фенерџијата во египетското првенство. Ал Ахли има дури 57 бодови повеќе од противникот, вечерва треба да станат точно 60, а Ал Ахли има и два меча помалку. Харас не е толку лош во последно време, има само еден пораз во последните пет кола, но веќе ниту теоретски не може да обезбедат опстанок. Последниот меѓусебен дуел на овие тимови се одигра пред еден месец, Ал Ахли победи со 3-0.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.53)
6745 Лудогорец – Балкани (20.00 часот)
Првата средба во Приштина му припадна на Балкани со 2-0, но косовскиот првак треба да издржи 90 минутни налети на тим кој во минатото има играно во групната фаза на ЛШ. Лудогорец беше фаворит на хартија после ждрепката, но Балкани покажа дека е опасен тим особено ако го потцените. Лудогорец и викендов загуби во бугарската лига, но јасно е дека ги чуваа силите за вечерва. Тој што ќе оди понатаму, во следното коло ќе игра со Олимпија Љубљана или летовска Валмиера.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.83)