Може да има двојно славење во Рим

3628 Џенова – Фиорентина (18.30 часот)

Џенова само со 7 постигнати гола во девет кола ќе проба проблемот со неефикасноста да го реши со доведување на Марио Балотели. Тимот има само 6 бода, во последните пет кола освоија само еден бод, под нив на табелата во Серија А е само Венеција. Од друга страна, Фиорентина е во налет, освои 13 бода во последните пет кола и четврта е на табелата, а Виолетовите го имаат и третиот најефикасен напад во лигата. Џенова ја има втората најслаба одбрана, примија 20 гола и уште немаат победа дома оваа сезона.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.25)

 

5611 Ал Итихад – Ал Ахли (19.00 часот)

Ова е градско дерби во Џеда и најинтересен меч во ова коло во саудиската лига. Ал-Итихад има седум победи во досегашните осум кола и во моментов има дури десет бодови повеќе од Ал-Ахли, кој исто така има тим со многу ѕвезди, но не ги бележи посакувани резултати. Бензема, Канте и другарите се фаворити за победа против Тони, Фирмино, Марез, но во минатата сезона Ал-Ахли двапати го победуваше Ал-Итихад со по 1-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)

 

2863 Сервет – Луцерн (20.30 часот)

Кај овој пар типуваме на победа на домашните, кои се во добра форма и се лидери на табелата во швајцарската лига. Луцерн до пред две недели се држеше на врвот и во моментов има подобра гол-разлика од Сервет, но врза два пораза по ред, па сега е на пет бодови помалку од Сервет. Проблем на Луцерн е одбраната, три кола по ред примаше два или повеќе голови, а Сервет постигнуваше по три гола во претходните две рунди. Сервет даваше два или повеќе голови на последните три дуели со Луцерн.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

3629 Рома – Торино (20.45 часот)

Овој меч е специјален за тренерот Иван Јуриќ, кој од Торино дојде во Рома, а се шпекулира дека наскоро веќе може да биде и сменет од кормилото на Волчицата, иако дојде неодамна. Рома освои само еден бод во последните три кола, па Торино е пред нив на табелата. Торино е тим кој ретко игра нерешено, а Рома има четири ремија во девет кола. Биковите имаат повеќе постигнати, но и повеќе примени голови од Рома. Торино четири години нема победа на „Олимпико“.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)

 

3630 Комо – Лацио (20.45 часот)

За разлика од Рома, другиот римски прволигаш Лацио е во задоволителна форма, има три победи во последните четири кола. Комо три кола по ред не знае за победа откако пред тоа имаше две победи едноподруго. Лацијалите имаат само едно реми сезонава. Комо на својот стадион нема пораз уште од јануари, а на трите меча дома како прволигаш, секогаш и даваше и примаше гол.

Предлог тип: 2 (2.55)

- Оглас -

Најнови вести