4.8 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Mоже да се одигра на точен резултат на Болоња – Јувентус, Баерн лани на овој ден загуби од денешниот ривал

1009 Брентфорд – Лидс (17:30 ч.)

Дуел на две екипи кои се во долниот дел од табелата во Премиер лигата. Одбраната е ранлива посебно кај Лидс, кој досега прими 29 гола во 15 меча што е просек од речиси два гола на меч.

Брентфорд игра одлично дома и во седум меча има пет победи, па јасно е дека и овојпат ќе ја има улогата на фаворит.

Предлог тип: 1&2-4 (3.15)

 

1709 Олимпик Марсеј – Монако (20:45 ч.)

Дерби на колото во француското првенство, на две екипи кои имаат криза во играта и имаат слаби резултати во последно време. Монако претрпе четири порази во последните пет кола, па наместо да биде при врвот, тимот сега е на седмото место.

Олимпик Марсеј има порази и реми на последните две средби, но кога игра дома тоа е еден од најсилните тимови, па сезонава има биланс од пет победи и две реми без пораз.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.65)

 

3009 Болоња – Јувентус (20:45 ч.)

Болоња има два бода повеќе од Јувентус што доволно кажува дека Старата дама ќе има тешко гостување. Болоња дома има четири победи, едно реми и еден пораз и само четири примени гола, но не треба да се заборави дека и Јувентус е во добра форма со шест победи, три реми и само еден пораз во последните 10 средби.

Интересно е дека на последните пет меѓусебни дуели секогаш двата тима постигнувале гол, односно било гол-гол ситуација. На четири од последните седум средби, резултатот бил 1:1, па за оние кои сакаат повеќе да ризикуваат, играта точен резултат е добар предизвик.

Предлог тип: 1:1 точен резултат (6.00)

 

1808 Баерн Минхен – Мајнц (17:30 ч.)

Бена дилеми дека Баерн е огромен фаворит за победа во баварската пресметка, затоа што играат првиот и последниот на табелата. Лани на 14 декември играа овие екипи, а Мајнц беше домаќин и изненадувачки славеше со 2:1.

Сепак, сега не треба да се очекува никакво чудо, па машинеријата на Баерн Минхен треба да има уште едно шоу.

Предлог тип: 1-1&4+ (1.96)

 

1308 Леванте – Вилјареал (18:30 ч.)

Леванте е очаен и има шест порази и едно реми во последните седум кола, додека Вилјареал блеска и со пет победи ви низа покажува дека е во врвна форма. Едноставно ова е меч на кој гостите треба да покажат квалитет, но добро е да се одигра дека ќе има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

- Оглас -

Најнови вести