Вечерва во 21 часот се играат девет од десетте мечеви во 37-мото коло на шпанската Примера дивисион. По завршувањето на ова коло, може да се решат главните дилеми, а тоа е кој ќе биде првак и кои екипи ќе испаднат од елитната лига.
Реал Мадрид ја има првата меч-топка, и тоа на свој терен. Кралевите се домаќини во дуелот со Вилјареал и со евентуална победа, навивачите на најтрофејниот шпански клуб ќе може да започнат со славење на нова титула. Жолтата подморница ќе игра во Лигата на Европа, но тешко дека ќе може да го наруши подготвеното славење на Реал.
Мадридскиот гигант на свој терен има 14 победи и четири нерешени во 18 меча, а Вилјареал е опасен гостин и има девет триумфи сезонава. Сепак, реално е да очекуваме Серхио Рамос и соиграчите со високо кренати раце да слават трофеј. Победа на Реал во Sport Life има коефициент 1.47, што е одлична понуда ако се знае каков е влогот за домаќините.
Освен во трката за титулата, вечерва ќе биде интересно и во борбата за опстанок. Во најповолна ситуација е Селта Виго, која игра на домашен терен против Леванте. Гостите се сигурно спасени, а Селта со победа ќе се радува на опстанок без да чека резултати од останатите меча. За победа на Селта Виго коефициентот во Sport Life е 1.65.
Ако се одлучите да одиграте на победа на Реал Мадрид и на Селта Виго, добивате одличен коефициент од 2,42, што е „подарок“ за оние кои играат на сигурно.