Пресметката меѓу Астон Вила и Арсенал ќе ја отвори саботната програма во Премиер лигата. Топчиите сакаат нов триумф за да ја задржат предноста на врвот, но Астон Вила е во налет и ќе го сака скалпот на лидерот.
Може ли тимот на Унаи Емери да го сопре Арсенал? Ова е прашањето што си го поставуваат сите вљубеници во англискиот фудбал, но и спортски обложувачи.
Едно е јасно, вреди да се проба, затоа што квотата за триумф на Астон Вила, во кој и Оли Воткинс би постигнал погодок е фантастична и изнесува 8.00.
Имате уште „милион“ игри во Специјалниот сингл за овој меч. Можете да се обложите и на корнери, фаули, офсајди, удари во рамки на гол, победа и стрелец во тек на натпревар, па дури и дали некој играч би постигнал хет-трик…


