Може ли Брејди да направи НФЛ чудо и да докаже дека е најдобар во историјата?

Грин Беј пекерс и Тампа Беј баканирс вечерва од 21 часот го почнуваат конференциското финале во НФЛ лигата, а која легенда ќе игра во нов Супербоул, дали Том Брејди или Арон Роџерс, тие ќе решаваат во нивниот прв плејоф дуел.

Брејди кој има веќе 43 години, имаше многу успеси (шест титули) со Њу Ингланд патриотс, и кога прејде во Тампа Беј која повеќе од десет години не била во плејоф, сите сакаа да видат дали успесите биле благодарение на Брејди или на Патриотите. Тимот на Њу Ингланд го нема никаде, а Брејди е на чекор од Супербоул и само потврди дека е веројатно најголемиот квотербек во плејоф историјата на НФЛ.

Грин беј е фаворит на хартија, Пекерси имаа стандардно добра форма цела сезона, а и тие на квотербековската позиција имаат легенда, 37-годишниот Арон Роџерс. Роџерс од 2005 е во Грин беј, има само една титула, но држи десетина рекорди кои докажуваат дека топката е многу сигирна во неговите раце и дека неговите додавања често завршувале со тачдаун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести