Остварливо ли е? Сака да стане претседател на клубот-рекордер во Лигата на шампионите и го вети Пеп Гвардиола за тренер (Фото)

Клаудио Руденсиндо е еден од тројцата пријавени кандидати за нов претседател на аргентински Индепендиенте и вели дека разгораварал со Пеп Гвардиола за да биде нов тренер на јужноамериканскиот рекордер.

Индепендиенте со 7 пехари е најтрофејниот клуб во во Копа Либертадорес, натпреварување во Јужна Америка што е исто како Лигата на шампионите во Европа.

„Разговарав со Гвардиола и му кажав дека ќе ни биде чест да дојде и да биде тренер на аргентинскиот и јужноамерикански гигант“, вели Руденсиндо.

Изборите за нов претседател на Индепендиенте ќе се одржат на 2 октомври, а за тројцата кандидати Клаудио Руденсиндо, Хавиер Маза и Фабијан Доман ќе гласаат регистрираните 48.666 гласачи.

 

- Оглас -

Најнови вести