Де Графшап – Ден Бош (20 ч.)
Ако сте љубители да играте на погодоци, холандската втора лига секогаш е асоцијација на мечеви на кои има повеќе погодоци. Тоа го покажува и податокот дека на шест од деветте меча кои се одиграа во прво коло имаше барем по три погодоци.
Де Графшап е голем фаворит и треба уште во првото полувреме да ги реши сите дилеми околу победникот.
Предлог тип: 1-1 4+ (3.25)
Лахти – Интер Турку (17:30 ч.)
Гостите се борат за титулата во Финска и мора да победат за да го задржат чекорот со водечкиот Хелсинки. Лахти е тим кој игра променливо, па може да се пофали со 16 дадени и 16 примени гола за 16 освоени бода.
Пред два месеци овие екипи играа во Купот, а Интер Турку победи со убедливи 5:0. Сега може нема да има таква голеада на гостите, но сепак се фаворити за триумф.
Предлог тип: 2 (2.00)
Чиндеа – Динамо Букурешт (20 ч.)
Дуел на две екипи кои не може да се пофалат со многу добра одбрана. Динамо е фаворит, но не треба да се заборави дека Чиндеа во ланското првенство победи со 3:2 на свој терен.
Головите треба да се загарантирани, а овојпат Динамо не смее да си дозволи кикс како минатата сезона.
Предлог тип: 2&2-5 (2.07)
Радник Бјелина – Сараево (18 ч.)
Домаќините се како претплатени за нерешени средби, па сезонава во пет меча, дури четир пати ремизираа. Сараево е поквалитетен ривал, но на последните четири гостувања кај овој противник, не се радувал на трите бода. Токму тоа треба да биде мотив повеќе за гостите сега да се обидат да победат. Сараево е тим кој игра офанзивно, сака да се надигрува и реално е поблиску од победата, но тоа треба да го потврди и на терен.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.65)
Шемрок роверс – Корк сити (18:45 ч.)
Кога играат првиот и последниот на табелата, исходот треба предвреме да биде познат. Шемрок е лидер во Премиер лигата на Ирска, па сигурно не смее да си дозволи да киксира и во мечот од Купот против ривалот кој е најслаб во досегашниот дел од шампионатот.
И традицијата е на страната на Шемрок, па на последните два меча со овој ривал победуваше убедливо со 6:0 и 3:0.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)