Јаник Синер кој е прв носител на Вимблдон и еден од главните фаворити за освојување на трофејот, можно е да не се појави на четвртфиналниот дуел против Бен Шелтон.
Италијанскиоте тенисер се пласираше во четвртфиналето откако неговиот противник Григор Димитров го предаде мечот. Бугаринот водеше со 2:0 во сетови и имаше 2:2 во третиот сет, кога почувствува болка во рамото. Димитров имаше лекарска интервенција, која покажа дека нема да може да го продолжи дуелот на кој водеше и беше пред пласман во четвртфиналето.
Синер се спаси од елиминација, но сепак постои опасност и Италијанецот да не може да го продолжи настапот на Вимблдон. Во еден момент од дуелот против Димитров, Синер падна на десната рака, што му предизвика болки во лактот.
За време на мелот, Синер покажуваше дека има проблеми при сервисот и удирање на форхенд, па мораше да побара и медицински тајм-аут. Во текот на денешниот ден Синер треба да оди на магнетна резонанса и треба да се утврди дали повредата е сериозна.
„Дури откако ќе се направи МРИ скенер ќе се знае колку е сериозна повредата. Тогаш ќе се знае дали ќе можам да продолжам со настапот или не“, рече Синер.