Може ли Џерард да им забие „нож во грб“ на навивачите на Ливерпул?

1001 Астон вила – Ливерпул (Премиер лига, Англија, 21:00 часот)

Стивен Џерард со своите фудбалери ќе немаат никаков резултатски притисок против Ливерпул, кој пак мора да победи ако сака да остане во трката за титулата. Џерард, кој е една од најголемите легенди на Ливерпул, може да им „забие нож во грб“ на навивачите на овој тим доколку Астон вила не загуби.

Воедно тука се наоѓа и Фелипе Кутињо, кој што своевремено ги бранеше боите на Ливерпул.

Кога Астон вила е домаќин на Црвените од „Енфилд“, редовно паѓаат голем број погодоци (1:4, 7:2, 5:0, 1:2, 0:6), па затоа и вечерва очекуваме нешто слично.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.10)

 

1301 Валенсија – Бетис (Ла Лига, Шпанија, 20:00 часот)

Гостите се пред речиси невозможна мисија, а тоа е да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Во моментов имаат заостануваат со шест бода зад четвртиот Атлетико Мадрид на три кола до крајот во Ла Лига.

Валенсија иако нема резултатски мотив, вечерва ќе се обиде да се покаже во добро светло на „Месталја“, додека гостите ќе бидат без Хектор Белерин, Мартин Монтоја и Клаудио Браво, коишто ќе отсуствуваат поради повреда.

Тешко е дека ќе видиме голем број погодоци, а ние сметаме дека по крајот на првите 45 или вкупните 90 минути, ќе има нерешен резултат.

Предлог тип: Х Било кога (1.77)

 

5700 Замалек – ЕНППИ (Египет 1, 21:00 часот)

Замалек е еден од најголемите египетски клубови кој со децении наназад води голема битка со Ал-Ахли. Овој тим во моментов е лидер во најсилната египетска лига, каде што по 17 одиграни кола има 41 бод, додека гостите се на деветтото место со 20 бодови.

Интересно е што на последната средба ЕНППИ успеа да ремизира на гости против Замалек, но сега ситуацијата и формата се на страната на великанот, којшто без проблем ќе ги освои трите бода, но нема да има голеада и возбудувања на теренот.

Предлог тип: 1&0-3 (2.03)

 

1921 Јанг бојс – Сент Гален (Супер лига, Швајцарија, 20:30 часот)

Минатосезонскиот првак на Швајцарија игра далеку под очекувањата и во моментов се наоѓа на третото место дури со 23 бода заостанување зад лидерот и новиот шампион Цирих.

Јанг бојс сега се бори за да остане во игра за настап во квалификациите на Лигата на Европа, а денешниот опонент е токму еден од ривалите, па затоа со победа домаќинот значително ќе си ја олесни задачата.

На последните две средби кога Јанг бојс бил домаќин, тие во двата наврати (2:0, 2:1) постигнале два погодока и дошле до победата.

Предлог тип: 1&Т12+ (1.76)

 

3191 Сараево – Железничар (Премиер лига, БиХ, 20:00 часот)

Тимот којшто е воден од Александар Васоски ќе се соочи со големиот ривал.

За „мир во куќа“, Сараево ќе бара победа откако пред неколку дена тимот одлучи да го отстрани Крсте Велковски поради недисциплина. Но, оваа победа сигурно и многу ќе значи за самодовербата, но и вербата на навивачите кон Васоски.

Желјо славеше на последниот меѓусебен меч кој донесе жестока борба, која се очекува и денеска, но овојпат се надеваме со триумф на Сараево, кој со евентуален триумф, на три кола ќе остане со мали шанси да се пласира на треттото место и излез во Европа.

Предлог тип: 1&0-2 (3.95)

- Оглас -

Најнови вести