Може ли фудбалска Италија да се блокира поради Коронавирусот?

Дуелите меѓу Интер – Сампдорија, Верона – Калјари и Аталанта – Сасуоло кои требаше да се играат денеска во Серија А се одложени. Причина за одложувањето е смртоносниот Коронавирус кој неочекувано брзо се рашири во некои области во Италија. Две лица веќе починаа од овој вирус, а 79 официјално се заразени. Од заразените, дури 47 се евидентирани во Ломбардија, а 17 во Венето. Токму поради тоа, Премиерот на Италија Џузепе Конте најави дека сите настани на кои има масовен собир на граѓани, да се одложат.

Денешните мечеви се одложени, но факт е дека ситуацијата нема да се подобри и во следните неколку дена. Според италијанските медиуми, може да се очекува нови одложувања на натпревари. Уште сега се шпекулира дека може да се одложи мечот меѓу Милан и Џенова кој треба да се игра следнито викенд на „Сан Сиро“.

Се препоставува дека и мечот меѓу Интер и Лудогорец, во осминафиналето од Лигата на УЕФА може да се игра зад затворени врати, односно без публика. Тоа би било најбезболно решение за да не се поремети распоредот на УЕФА и да нема одложувања, а да се избегне и опасноста од ширење на болеста.

 

 

- Оглас -

Најнови вести