Може ли „Германецот“ Хоселу да биде џокерот на Шпанија, Нојер уште има кошмари од него (Фото)

Феноменалната понуда на Sport Life во Специјалниот сингл за мечот на Шпанија и Германија од четвртфиналето на ЕВРО 2024 има многу игри кои се привлечни за обложувачите, а честопати добивката „се крие“ таму каде што малкумина очекуваат.

Доколку верувате дека во ова дерби за пласман во полуфиналето ќе се решава на пенали или дека некој од тимовите ќе победи по продолженија, тогаш мора да уплатите во Sport Life бидејќи во Специјалот има двоцифрени квоти.

Фаворит за прв стрелец на мечот е Шпанецот Алваро Мората, а веднаш по него е неговиот сонародник Хоселу Мато. Мората е стартер, а Хоселу играше само против Албанија и уште нема дадено гол на ЕП за 71 минута на терен.

Но, Хоселу е роден во Штутгарт, до својата десетта година живееше во Германија, а токму во Штутгарт ќе се игра дуелот на Шпанија и Германија. Тој има искуство од играње во Бундеслигата, а пред некој месец во полуфиналето на ЛШ му даде два гола на германскиот репрезентативен голман Мануел Нојер, што може да биде плус и селекторот Де ла Фуенте да му даде шанса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести